Вежби за филтрирање и сортирање на податоци во Excel за 7 одд.
Табела за вежбање
|
Број |
Име |
Омилена Боја |
Висина (cm) |
Омилен Спорт |
|
1 |
Ана |
Црвена |
145 |
Кошарка |
|
2 |
Марко |
Сина |
155 |
Фудбал |
|
3 |
Елена |
Жолта |
142 |
Тенис |
|
4 |
Петар |
Црвена |
150 |
Кошарка |
|
5 |
Ивана |
Сина |
148 |
Пливање |
|
6 |
Бојан |
Жолта |
160 |
Фудбал |
|
7 |
Марта |
Сина |
140 |
Тенис |
|
8 |
Филип |
Црвена |
152 |
Кошарка |
Вежби за Сортирање (Наредување)
Вежба 1: Сортирање на Имиња
Задача: Нареди ги сите ученици во табелата по азбучен
ред според нивното Име (од А до Ш).
- Како: Кликни на која било
ќелија во колоната Име и кликни на копчето А до Ш (A to Z).
Вежба 2: Сортирање на Броеви (Висина)
Задача: Сортирај ги учениците според нивната Висина
од најнизок до највисок (од најмал до најголем број).
- Како: Кликни на која било
ќелија во колоната Висина (cm) и кликни на копчето А до Ш (A
to Z).
Вежба 3: Сортирање наназад
Задача: Нареди ги учениците според нивната Омилена
Боја, но почнувајќи од Ш до А (наназад).
- Како: Кликни на која било
ќелија во колоната Омилена Боја и кликни на копчето Ш до А
(Z to A).
Вежби за Филтрирање (Барање)
Вежба 1: Најди ја Бојата
Задача: Покажи ги само учениците чија омилена боја е Сина.
- Како:
- Кликни на стрелката во колоната Омилена Боја.
- Отштиклирај ги сите бои освен Сина.
- Кликни ОК.
Вежба 2: Најди го Спортот
Задача: Покажи ги само учениците кои сакаат Фудбал.
- Како:
- Исчисти го претходниот филтер (кликни на стрелката
во Омилена Боја и избери Исчисти филтер).
- Кликни на стрелката во колоната Омилен Спорт.
- Избери само Фудбал.
- Кликни ОК.
Вежба 3: Филтрирај по две работи
Задача: Покажи ги само учениците чија омилена боја е Црвена
i кои сакаат Кошарка.
- Како:
- Исчисти ги сите филтри.
- Филтрирај по колоната Омилена Боја: Избери
само Црвена.
- Потоа, филтрирај по
колоната Омилен Спорт: Избери само Кошарка.
No comments:
Post a Comment